Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки ќе биде запомнет како еден од најдобрите европјани кои заиграле во НБА лигата. Центарот 21 година беше дел од тимот на Далас, а со одличните настапи во 2011 година ја донесе титулата во Тексас.
Германецот замина во пензија во 2019 година на 41 годишна возраст, а сега откри дека се кае за последните две години поминати на теренот.
„Постојано мислам дека последните две години во НБА не вредеа. Имаше фантастични моменти, секако, но на мојот тим не му одеше најдобро, а и јас искрено едвај се движев. Да се пензионирав порано сигурен сум дека сега ќе можев подобро да се движам. Од време на време ќе можев да играм фудбал со децата“, изјави Новицки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА