Ново големо признание за македонската двојка: Начевски и Николов ќе го судат мечот за бронза на СП 2025!

Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов со ново големо признание на светската ракометна сцена. Начевски и Николов добија доверба од ИХФ денеска да го судат натпреварот за бронзен медал на Светското ракометно првенство 2025 меѓу Франција и Португалија.

Натпреварот се игра од 15 часот, а три часа подоцна, во 18 часот е големото финале меѓу Данска и Хрватска.

Финалето, пак, ќе го судат шпанските арбитри Гарсија и Љоренте.

Се вчитува...