Ново одличје за Салах: Првиот Египќанец со признание „играч на месецот“ во Премиер – лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах ќе биде запишан во историјата на Премиер – лигата како првиот Египќанец кој ја освоил наградата „играч на месецот“. Салах во изминатиот месец беше извонреден за „црвените“, со неговите осум погодоци тој практично обезбеди 15 бода за тимот на Јирген Клоп.

Серијата на погодоци на Салах започна со два во мрежата на Вест хем (4-1), два пати го совлада Форстер во триумфот над Саутемптон (3-0). Салах потоа „заби“ и против својот поранешен клуб Челси (1-1), а потоа одново со два погодоци обезбеди победа во гостувањето против Стоук (3-0). Во голеадата против Брајтон (5-1) Салах забележа само една асистенција, а погоди и во своето прво „Мерсисајд“ дерби против Евертон кое заврши без победник (1-1).

Единствено во последниот натпревар од ноември Салах не успеа да ја одржи својата серија на погодоци, средбата против ВБА на „Енфилд“ заврши без голови.

Се вчитува...