Ново одложување во Премиерлигата: Коронавирусот го нападна и Манчестер Јунајтед

Коронавирусот повторно пустоши на „Островот“. Голем број на клубови се соочуваат со позитивни случаи што резултираше со одложени средби, а последен во серијата е мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон кој требаше да се одигра во сабота во 18. коло поради преголем број на заразени во редовите на „црвените ѓаволи“.

Како потсетување, претходно беа одложени и натпреварите помеѓу Барнли и Вотфорд, и Лестер – Тотенхем, а Брентфорд поради настанатата ситуација побара одложување на целото коло. Дали до истото ќе дојде по новите случаи останува да видиме.

Се вчитува...