Ново признание: Рубен Дијаз официјално играч на сезоната во Премиер-лигата

Дефанзивецот на новиот англиски шампион Манчестер Сити, Рубен Дијаз (24) и официјално е прогласен за играч на сезоната 2020/21 во Премиер лигата. Истото признание претходно го доби и при изборот на Здружението на фудбалски новинари (ФВА).

Португалецот победи во конкуренција на соиграчот Кевин Де Брујн, кој го доби ова признание една сезона порано, и најдобриот стрелец и асистент на ПЛ, Хари Кејн од Тотенхем. Покрај нив, во изборот беа и Бруно Фернандес (Манчестер Јунајтед), Џек Грилиш (Астон Вила), Мохамед Салах (Ливерпул), Томас Соучек (Вест Хем) и Мејсон Маунт (Челси).

Успехот е уште поголем ако се знае дека ова беше дебитантска сезона на Рубен Дијаз во англискиот фудбал. Тој пристигна минатото лето од Бенфика за 65 милиони фунти (56,6 милиони евра и Никола Отаменди). За Манчестер Сити одигра 32 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Тимот на „Граѓаните“ одиграа 15 натпревари без примен гол.

Менаџерот на Сити, Гвардиола изјави дека Рубен Дијаз значи исто за одбраната на неговиот тим, како што значи Виргил Ван Дајк за Ливерпул.

 

 

 

Се вчитува...