Кристијано Роналдо е чекор поблиску до остварување на големиот сон – илјада голови во кариерата откако Португалецот вечерва повторно се запиша меѓу стрелците за Ал Наср, стрелајќи прецизно во ремито од 2-2 против Ал Етифак.
Резултатот беше 1-1 во второто полувреме кога во една мешаница во шеснаесетникот топката стигна дo еден од играчите на Ал Наср, неговиот удар го закачи во грбот Кристијано и заврши во мрежата.
Ова е гол број 957 во неверојатната кариера на Роналдо, кому му недостигаат само 43 за јубилејната „илјадарка“ што толку многу ја посакува.
RONALDOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOO OMG WHAT A GOAL
957 CAREER GOALS FOR THE GOAT CRISTIANO RONALDO 🙌
pic.twitter.com/AfoAyWjzsr— fan (@NoodleHairCR7) December 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

