Ново ремек-дело на Меси, Алавес настрада на „Камп Ноу“

Барселона забележа убедлива победа на домашен терен над Алавес (4-1), дуел на кој каталонскиот гигант експресно се врати на победнички патеки по ремито со Реал Мадрид. Валверде направи „ремонт“ во средниот ред, шанса доби младиот Алења заедно со Бускетс и со Видал, но се е полесно кога на теренот се тројцата врвни напаѓачи на Барса, Меси, Гризман и Суарез.

Токму Гризман го отвори резултатот во раната фаза од мечот, а на 2-0 пред крајот на полувремето зголеми Видал, по двете асистенции на Луис Суарез. Гостите за момент се вратија во натпреварот намалувајќи на 2-1, но потоа Меси ги зеде работите во свои раце и со фантастичен погодок од над 20 метри го матираше голманот на Алавес.

Конечните 4-1 од пенал ги постави Суарез, откако еден гостински дефанзивец блокираше со рака еден опасен удар со глава на Уругваецот.

Се вчитува...