Ново реми на Шкендија на подготовките

Шкендија и на вториот натпревар од летните подготовки одигра нерешено, овојпат ремизирајќи 1-1 против Интер Запрешич.

Тетовскиот клуб беше подобар противник во поголемиот дел од мечот, а голот за израмнување го прими пред самиот финиш, откако тренерот Ќатип Османи претходно ги повлече од игра речиси сите првотимци. Бесарт Ибраими беше стрелец на водечкиот гол за Шкендија на стартот од второто полувреме, пред противникот од Хрватска да израмни во 84. минута.

Претходно, Шкендија одигра 1-1 против австрискиот нисколигаш Бад Радкерсбург, а теетовци во следниот контролен меч ќе ги одмерат силите со Марибор.

Се вчитува...