Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо направи шоу на прес конференцијата пред натпреварот со Манчестер Сити. Поради тоа што денеска е последен ден во зимскиот преоден рок, Жозе одлучи сам на себе да си постави прашање и да даде одговор.
„Прво прашање. Очекувате ли нов фудбалер до крајот на преодниот рок? Прв одговор. Не. Одиме понатаму. Второ прашање. Дали сте задоволни со направените трансфери? Да. Ете, две прашања помалку. Трето прашање. Зар не баравте напаѓач“, низ шега изјави Мурињо.
Тотенхем зимава ги доведе Стивен Вергвијн и Жедсон Фернандес, но не стигна замена за повредениот Хери Кејн.
Jose Mourinho kicked off his press conference on transfer deadline day by interviewing himself ? pic.twitter.com/Ogg6Xfv17L
— ESPN FC (@ESPNFC) January 31, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА