Ново заминување од редовите на Челси

Заминувањата од „Стемфорд Бриџ“ ова лето продолжуваат понатаму. По Ковачиќ, Хаверц, Маунт, Канте, Кулибали и Менди на излезните врати е и Давид Фофана кој за разлика од останатите ќе преминe во Унион Берлин како позајмен играч.

Дваесетгодишниот напаѓач ги засили „сините“ на почетокот на оваа година од Молде за 12 милиони евра, но не успеа да се наметне во тимот. Настапи на само три натпревари во Премиерлигата на кои не успеа да постигне гол, ниту да забележи асистенција.

Се вчитува...