Новогодишен минибаскет фестивал (фотогалерија)

Во склоп на “Младинската кошаркарска лига ВАРДАР”, во саботата (23.12.2017) во СРЦ Кале се собраа преку 300 минибаскетџии од многу клубови во Македонија и се оддржа еден прекрасен НОВОГОДИШЕН МИНИБАСКЕТ ФЕСТИВАЛ, одигрувајќи десет натпревари. Поделени во две генерации , 2007/08 и 2009/10 и играјќи на мали кошеви и со мали баскети, минибаскетџиите ни ги покажаа своите кошаркарски вештини, а за тоа си добија награди Улкер од Дедо Мраз.

„Секогаш кога ќе ги видиме најмалите дечиња насмеани и среќни, тогаш со гордост можеме да кажеме дека ја работиме вистинската работа“ – изјави организаторот на оваа лига, Елена Дамњановска.

Со самото учество на екипите : Вардар, МВП Скопје, Мзт Скопје, Ангели, Дрим Тим (Вардар), Кетс (Гостивар), Феникс, Куманово, Петрески (Гостивар) се докажува сериозноста на овој проект , кој ќе продолжи да се организира и во иднина. Еднаш во месецот овие млади кошаркари ќе имаат шанса да играат на минибаскет фестивалот.

mini6 minibasket1 minibasket2 minibasket4 minibasket5 minibasket6 minibasket7 minibasket8 minibasket9.jph

Се вчитува...