Ножичките на Ромеро донесоа бод за Тотенхем кај Њукасл (ВИДЕО)

Кристијан Ромеро е херојот на Тотенхем, кој го спаси од пораз својот тим со гол со ножички во последните мигови од натпреварот на гостувањето кај Њукасл (2-2). Њукасл двапати водеше, и кога се чинеше дека ќе дојде до победа, и ќе ја продлабочи кризата на тимот од Лондон, сепак, Ромеро стана херој, со оглед дека го постигна и првиот гол.

Првиот дел заврши без голови, и покрај тоа што домашниот тим имаше три одлични прилики. Во вториот дел во 71. минута Бруно Гимараеш од работ на шеснаесетникот упати прецизен удар во голот на Викарио.

Сепак, Тотенхем успеа да се врати со голот на Ромеро, кој со глава донесе израмнување.

Но, Њукасл од пенал со голот на Гордон во 86. минута успеа да се врати во предност. Тотенхем дојде до бод во 95 минута. Изведен корнер, и на крајот топката стигна до Ромеро кој од тешка позиција се одлучи за „ножички“ кои завршија во мрежата на домашниот тим, и гостите дојдоа до голем бод.

Се вчитува...