Њу Орлеанс до брејк кај Феникс, Мајами повторно подобар од Атланта (ВИДЕО)

Њу Орлеанс Пеликасн израмни на 1-1 во плеј-оф серијата на западот против Феникс Санс откако синоќа во Аризона триумфираше со 114-125.

Брендом Инграм со 37 поени беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените Девин Армани Букер заврши со 31 поен.

Мајами Хит ја забележа и втората победа против Атланта Хоукс. Овојпат тимот од Флорида славеше со 115-105. Џими Батлер имаше неверојатна партија завршувајќи го мечот со 45 поени, додека кај поразените недоволни беа 29 поени на Богдан Богдановиќ.

Во последниот меч од синоќешната понуда, Мемфис Гризлис израмни на 1-1 против Минесота Тимбервулвс добивајќи ја со 124-96.

Се вчитува...