Нухиу: Да се победи Вардар на ваков начин, многу значи!

Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Ардиан Нухиу сосема очекувано не можеше да го сокрие задоволството од големата победа на неговиот тим против Вардар на крајот од есенскиот дел од шампионатот.

Со триумфот од 2-0, Шкупи на најдобар можен начин си го заокружи есенскиот дел од сезоната како мотив повеќе и за тоа што ги очекува следната година…

„Стигнавме до сосема заслужена победа. Да се победи Вардар на ваков начин за нас навистина многу значи, Овие фудбалери потврдија дека имаат квалитет, и дека она претходно реми во Купот против Вардар воопшто не беше случајност. Секако дека сум презадоволен од победата“ – ни изјави по натпреварот Нухиу, осврнувајќи се и на изгледот на теренот во Чаир.

„Теренот беше навистина лош за игра, но како за нив така и за нас. Ние, токму на тој терен постигнавме два прекрасни погодоци, имавме и уште неколку шанси за уште поубедлива победа. Го надигравме Вардар за заслужени три бода“ – вели Нухиу.

Се вчитува...