Италијанскиот репрезентативец и член на Њукасл, Сандро Тонали, ќе биде една од ѕвездите на престојниот преоден рок во Европа. За него има интерес од неколку клубови, меѓу кои и Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, кои покажуваат интерес за фудбалерот од средниот ред.
Сепак, Њукасл нема намера да го пушти толку лесно. Клубот го смета 26-годишниот фудбалер за клучен во креирањето на играта, а не би сакале да загубат уште една ѕвезда после Гордон кој замина во Барселона.
Договорот на Тонали со Њукасл е до 2029 година, а Англискиот клуб за него ќе бара 115 милиони евра. Меѓутоа таквата сума не ги загружува големите клубови, па така англиската тројка ќе тргне по услугите на Италијанецот во скоро време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
