Њукасл ги налути „црвените ѓаволи“, па си доби „четворка“… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се врати на победите во Премиерлигата триумфирајќи со 4-1 во 19. коло.

Фудбалерите на Њукасл само ги налутија „црвените ѓаволи“ со водство од 0-1 со голот на Лонгстаф во 17. минута. Потоа се беше во знакот на Јунајтед. Марсиал во 24. минута и Гринвуд во 36. минута веќе носат пресврт водство за домашните.

Рашфорд во 41. минута зголеми на 3-1, а во второто полуврме Марсиал во 51. минута заокружи на 4-1.

Се вчитува...