Њукасл го „прегази“ Челси, Вест Хем со три бода со пресврт во финишот (ВИДЕО)

Продолжува агонијата на Челси во Премиерлигата, и покрај многуте потрошени средства за формирање на нов тим. Иако се очекуваше тимот да се бори за место во Лигата на шампионите, сепак, прашање е дали „сините“ ќе излезат воопшто во Европа.

Денеска избраниците на Маурусио Покетино се поразени убедливо од Њукасл со 4-1. Њукасл кој во последно време игра во променлива форма, сепак, успеа да им одржи лекција на лондонските „сини“.

Исак во 13. минута од средбата донесе предност за домашните, но Стерлинг веднаш врати со гол од слободен удар, и по 10 минути игра го израмни резулттот. Во вториот дел Ласкале донесе предност од 2-1, за една минута подоцна Жоеилтон зголеми на 3-1. Мизеријата на Челси ја продлабочи Гордон во 83. минута поставувајќи ги конечните 4-1. Претходно Челси осатна со играч помалку откако исклучен беше Рис Џејмс.

Барнли имаше предност во дуелот со Вест Хем со голот на Родригез од пенал во 49. минута. Меѓутоа магичен пресврт направи Вест Хем кој најпрво во 86. минута израмни, за Соучек во 91. минута донесе пресврт и победа за „чеканите“.

Лутон стигна до победа на свој терен победувјќи го Кристал Палас со 2:1, додека Брајтон продолжува со добрите резултати победувајќи го Нотингем на гости со 2-3. Шефилд на домашен терен доживеа катастрофа од Борнмут со 1-3.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...