Њукасл и го краде Тер Штеген на Барселона

Најбогатиот клуб во Европа, Њукасл и испратил понуда на Барселона за услугите на германскиот голман, Марк-Андре тер Штеген, пренесуваат британските медиуми.

Раководството на Њукасл испратило понуда до Барселона од 55 милиони евра за одличниот голман. Во моментов се чека одговор од Каталонците за оваа понуда, но навистина е тешко да се очекува тие да се решат од својот прв голман.

Тер Штеген минатата година го продолжи договорот со Барселона до 2025 година, а најбогатиот тим во Европа сигурно ќе подготви и нова уште побогата понуда за еден од најдобрите голмани во светот.

Се вчитува...