Њукасл и натаму не знае за победа, не го совладаа ниту претпоследниот Норич (ВИДЕО)

Иако важеше за фаворит во дуелот со Норич, за прва победа сезонава во Премиер лигата, Њукасл не само што не дојде до неа, туку можеше да остане и без тој еден освоен бод. На крајот беше 1:1, иако Норич имаше зицер во финишот од натпреварот за пресврт и победа.

Работата на Њукасл беше отежната уште во 9. минута кога Кларк доби директен црвен картон. Домашнтие долго се мачеа да постигнат гол, а Вилсон од пенал му донесе радост на домашниот тим во 61. минута. Сепак, Пуки со убав гол во 79. минута израмни.

Голема шанса имаше Мелу од Норич, но Дубравка го спаси Њукасл од уште еден пораз и „закотвување“ на дното на табелата.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...