Њукасл ја најде замената за Гордон

Њукасл се договорил да го потпише левото крило на Хофенхајм , Базумана Туре Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе им се придружи на „Страчките“ за вкупна сума од речиси 50 милиони евра. Ова би бил рекорден трансфер за германскиот тим.

Овој играч треба да дојде како замена за Ентони Гордон кој беше продаден на Барселона. Претходно Виктор Муњоз беше пред потпис со овој тим, но на крајот тој се одлучи за Ливерпул.

Минатата сезона, тој постигна пет гола и имаше 12 асистенции во 32 настапи за Хофенхајм во сите натпреварувања. Туре играше три пати за Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство . Њукасл исто така се подготвува за заминувањето на Сандро Тонали , кој ќе се приклучи на Тотенхем за рекордна сума од речиси 100 милиони фунти.

Се вчитува...