Њукасл му зема мерка на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Манчстер Сити е поразен од Њукасл со 2-1, и пропушти шанса да се доближи до Арсенал на еден бод. „Граѓаните“ со тоа останаа со 22 бода, и го претрпеа четвртиот пораз во сезоната, додека Њукасл освои златни бодови за бегство од опасната зона, и после два порази се враќа со голема победа.

После првиот дел немаше голови, и покрај тоа што и двата тима имаа шанси. Беше досуден и пенал за Манчестер Сити, но беше поништен по консултација со ВАР.

Во 63. минута Њукасл поведе со голот преку Барнс, кој погоди од работ на шеснасетник. Сепак, во 68. минута Сити веднаш израмни преку Диаш. 

Две минути подоцна Њукасл го врати водството, одново преку Барнс кој една одбиена топка ја смести во мрежата.

Се вчитува...