Њукасл не успеа да го победи Вест Хем

Њукасл загуби уште два значајни бода во трката за висок пласман откако „црно-белите“ вечерва одиграа само 1-1 на домашен терен против Вест Хем.

Избраниците на Еди Хау не можат да бидат среќни од ваквиот исход, особено ако се земе во предвид фуриозниот старт на Њукасл, откако во првата минута им беше поништен гол со ВАР, но веднаш потоа сепак поведоа кога Вилсон одлично се снајде и го матираше Фабијански.

Њукасл имаше уште неколку шанси во раната фаза од мечот, но потоа прими гол пред крајот на полувремето, кога Пакета одлично се снајде и израмни во 32. минута. Иако „црно-белите“ имаа повеќе од играта во вториот дел, не успеаја повторно да ја затресат мрежата на „чеканите“, па наместо со посакуваните три мораат да се задоволат само со еден освоен бод.

Се вчитува...