Њукасл неколку месеци без играчот од 44 милиони евра

Њукасл славеше со преубедливи 0-8 на неделното гостување во Шефилд, но црна дамка на тој триумф за тимот на Еди Хау остави повредата на Харви Барнс.

Скапото засилување вредно 44 милиони евра при летниот трансфер од Лестер се повреди по само десетина минути игра, Барнс мораше да го напушти теренот, а деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за скршеница на коска во стопалото, поради која крилниот офанзивец сега со месеци нема да му биде на располагање на Еди Хау.

„Беше на снимање, станува збор за повреда во делот меѓу стопалото и палецот на ногата. Не сум медицински експерт, но мислам дека е сериозен проблем, Барнс ќе мора да паузира неколку месеци. Уште немаме одлучено дали ќе мора да биде опериран, повредата е навистина чудна бидејќи се случи без контакт, во моментите кога Барнс почнуваше со спринт“, изјави Хау.

Се вчитува...