Англискиот премиерлигаш Њукасл најавува бум на трансфер пазарот. Откако саудискиот принц Мохамед бин Салман и официјално ќе го преземе клубот, Њукасл планира ангажман на неколку ѕвезди на европскиот фудбал. Фелипе Кутињо е во завршни преговори, а раководството на Њукасл испрати богата понуда и за напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле.
Премиерлигашот е подготвен да плати 55 милиони евра отштета и на Имобиле му нуди петгодишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона. Како за споредба, Лацио исто така му понуди обновување на соработката, но со заработка од 4 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА