Англискиот премиерлигаш Њукасл тргна во офанзива по Фелипе Кутињо. Клубот кој е во фаза на менување на сопствеништвото што треба да му припадне на саудискиот принц Мохамед бин Салман, еден од најбогатите луѓе во светот, сака Бразилецот да биде првото големо засилување за следната сезона.
Фудбалерот за врска кој е позајмен во Баерн Минхен, доби порака од германскиот клуб дека нема да биде комплетно откупен, ќе мора да се врати на „Камп Ноу“, а Барселона е заинтересирана веднаш да го продаде или во најмала рака повторно да го отстапи. Тоа се и двете опции кои ги разгледува раководството на Њукасл.
Барселона бара 80 милиони евра отштета за да го продаде Фелипе Кутињо, но би се сложила и Њукасл да ги преземе обврските за неговата плата и да добие 10 милиони по сезона за да го позајми во англискиот премиерлигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА