Њукасл посилен од ВАР до голем бод против Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул повторно не успеа да триумфира во Премиер-лигата откако во натпревар од 33. коло ремизираше на домашен терен против Њукасл 1-1. Домаќините поведоа со голот на Мохамед Салах во 3. минута, но избраниците на Јирген Клоп повторно во финишот не успеаја да ја одбранат предноста. Прво на Вилсон му беше поништен гол за реми во 92. минута, но сепак гостите преку Вилок во 96. успеаја да стигнат до злато вреден бод во борбата за опстанок.

Со триумфот Ливерпул се искачи на 4. позиција на табелата со 56 бода, додека Њукасл останува 15. со 35 бода.

 

 

 

Се вчитува...