Њукасл преговара со тројца тренери за наследник на Брус

Англискиот тим Њукасл, кој што неодамна доби нови сопственици, е во преговори со тројца тренери како замена за Стив Брус, пишуваат англиските медиуми.

Њукасл планираше да го смени тренерот и пред викендот, но како што немаше време за преговори, сега тргнува по нов менаџер.

Најсериозни кандидати за клупата на Њукасл во моментов се актуелниот селектор на Белгија Роберто Мартинез, потоа тренрот на Ренџерс Стивен Џерард и Унаи Емери, актуелниот предводник на Виљареал.

Мартинез претходно беше поврзуван со Барселона, и ја одби можноста да седне на клупата на „каталонците“ изјавувајќи дека сака да го одработи договорот со Белгија. За Џерард веројатно постои само еден клуб во Премиерлигата, откако одби неколку понуди, па така најверојатно прв кандидат е Унаи Емери, кој би можел да си оди ако добие дообра понуда.

Се вчитува...