Њукасл прв финалист во Карабао Купот (ВИДЕО)

Со победата над Саутемптон и на вториот меч во полуфиналето во Карабао Купот, Њукасл е првиот финалист во ова натпреварување.

Лонгстаф со два гола во 5. и во 21. минута, го доближи тимот од Сент Џејмс Парк до финалето. Адамс во 29. минута успеа да израмни. Њукасл ја задржа предноста до крајот и со вкупни 3-1 се пласираше во големото финале.

Таму веројатно ќе се судри со Манчестер Јунајтед кој со 3-0 во првиот меч го совлада Нотингем Форест и на реваншот не би требало да има проблеми.

Се вчитува...