Њукасл се подготува за бурно лето: Првиот поглед насочен кон Лион

Њукасл Јунајтед успеа да ги надмине проблемите и со новиот газда од Саудиска Арабија да се избори за уште една сезона во Премиерлигата, а сега го очекува бурно лето исполнето со трансфери кои би го вивнале клубот во битка за висок пласман и излез во Европа.

На „Сент Џејмс Парк“ се очекуваат најмалку шест засилувања, а еден од нив е Лукас Пакета, пренесуваат англиските медиуми. 24-годишниот Бразилец кој ја покрива средината на теренот оваа сезона одигра 35 натпревари за Лион во француското првенство и девет во Лига Европа, а притоа постигна вкупно 11 гола и седум асистенции.

Како потсетување, Њукасл во зимата веќе го ангажираше Бруно Гимараеш од францускиот гигант, а тој се покажа како фантистично засилување и беше еден од клучните играчи на англискиот клуб во вториот дел од сезоната.

Се вчитува...