Екипата на Њукасл после 20 години успеа да избори место во Лигата на шампионите. Сите во клубот, а особено тренерот Хоуви се радуваат на преодниот рок, со оглед дека ќе бидат потрошени многу пари за градење на тим кој ќе брка успех во Лигата на шампионите и во Премиерлигата следната сезона.
Познато е дека Њукасл е еден од најбогатите клубови, и само небото им е граница за тоа колку пари ќе потрошат престојното лето.
Како пренесуваат странските медиуми, Њукасл сака да прави нови „Галактикоси“ како што пред 20 години направи Реал Мадрид со доведувањето на Фиго, Бекам, Зидан…
На врвот на желбите на Њукасл е капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, и покрај тоа што Њукасл има врвни навивачи како Исак и Вилсон. Втор на листата е Нејмар, додека трето можно име е Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Покрај овие тројца, на листата на желби се Жоао Феликс, Самуел Чукуезе, Џејмс Медисон, Еберечи Езе, Мохамед Кудус, Доминик Собослаи, Муса Диаби и Рајан Гравенберх.
Листата е долга и звучна, а донесе ли барем пола од овие имиња, Њукасл ќе има добар тим со кој ќе атакува на висок пласман следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА