Њукасл со една нога во финалето на „Карабао Купот“ (ВИДЕО)

Со победата над Саутемптон на гостински терен од 0-1, екипата на Њукасл е на чекор од пласман во финалето на „Карабао Купот“ на Вембли.

Триумфот од 0-1 го донесе Жоелтион во 73. минута и така тимот се стекна со предност пред реваншот на „Сент Џејмс Парк“ кој се игра на 31. јануари.

На крајот Саутемптон остана со играч помалку по исклучувањето на Дује Чалета Цар.

Во вториот полуфинален двомеч се среќаваат Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед. Првиот меч се игра утре.

Се вчитува...