Њукасл во јануари ќе купува од Челси

По првата цела сезона на сопствениците од Саудиска Арабија во Њукасл, поранешниот англиски шампион веќе ги надмина очекувањата. „Страчките“ по првата третина во премиер-лигата се наоѓаат на одличната четврта позиција на табелата.

Како би успеале уште во првата сезона да стигнат до место кое следната година води во Лигата на шампионите, Њукасл уште во јануари сака да го донесе Кристијан Пулишиќ од редовите на Челси.

Пулишиќ не добива минутажа која ја очекуваше во клубот и веќе подолго време сака да замине, а токму Њукасл е во пол-позиција за неговиот потпис. Американскиот репрезентативец во Челси стигна во 2019 година од редовите на Борусија Дортмунд. За лондонскиот клуб запиша 85 настапи на кои постигна 20 гола.

Се вчитува...