Неверојатен натпревар во 11. коло во Премиерлигата со актер повторно Ливерпул, како во неколку наврати оваа сезона. Овој пат „црвените“ испуштија триумф над Лутон поради промашувањата на Дарвин Нуњез, па откако добија казна на крај Луис Диаз ги спасуваше со гол во 95. минута за конечни 1-1.
Ливерпул сам се лиши од трите бода со бројните промашувања во второто полувреме.
Пред се за издвојување е колосалната утка на Дарвин Нуњез во 70. минута, кој промаши цел празен гол од само неколку метри. Нешто што го збесна и менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.
Darwin Nunez misses a sitter😂
But apparently tap ins are easy, no? pic.twitter.com/TMKgqQsqU5
— Sam (@Sam_Daniels6) November 5, 2023
Па, во 80. минута дојде казната на спротивната страна. По брз контранапад Лутон постигна гол преку Чонг, иако претходно во акцијата пред нивниот гол имаше спорен момент со игра со рака на дефанзивец на домашните.
На крај, судиите одлучија дека нема ништо спорно а голот беше признаен.
Кога се чинеше дека Лутон ќе запише историја со прва за нив победа на домашен терен во историјата на Премиерлигата, на сцена стапи Луис Диаз кој минувајќи низ тежок животен период со киднапирањето во Колумбија на неговиот татко постигна гол во 95. минута за конечни 1-1.
А, потоа со порака на својата маица, Луис Диаз повика за „ослободување на неговиот татко“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА