Нури Шахин си замина од Дортмунд

Нури Шахин и минатата сезона немаше улога на стандарден првотимец во Борусија Дортмун, но со доаѓањето на Луцијан Фавр на клупата неговата минутажа уште повеќе се намали. Затоа, разбирливо беше барањето на фудбалерот да му биде дозволено да си замине, кое беше прифатено па Сахин денеска потпиша договор со Вердер.

„Разговаравме со Нури, кој изрази желба да замине во Вердер. Секако верувам дека тој се уште го носи Дортмунд во срцето, му посакуваме се најдобро во кариерата“ – изјави претседателот на Борусија, Ханс Јоаким Вацке.

Својата приврзаност кон „милионерите“ и покрај заминувањето не ја криеше ниту самиот Шахин.

„Сакам на сите искрено да им се заблагодарам за сето она што ми го даваа низ годините што ги минав во Дортмунд. Не си одам, Борусија секогаш ќе биде дел од мооето срце. Голема благодарност до Вацке и до директорот Цорк, како и до сите тренери, најмногу до Јирген Клоп, кој секогаш ми даваше огромна поддршка“ – изјави Шахин.

Нури Шахин се уште е најмлад дебитант во историјата на Бундес-лигата (16 години и 355 дена), воедно и најмлад стрелец во германскиот шампионат со 17 години и 81 ден.

Се вчитува...