Портланд славеше против Денвер со 115-95 израмнувајќи во серијата од првата плејоф рунда на 2-2. Портланд овој пат го декласираше Денвер кој само во последниот период успеа малку да ја ублажи катастрофата која му се случи во третата четвртина која Портланд ја доби со 36-19.
Одличен во одбраната на Портланд беше центарот од БиХ, Јусуф Нуркиќ кој буквално го запре Јокиќ на спротивната страна. Нуркиќ мечот го заврши и со 17 поени, шест скока и една асистенција, додека Јокиќ запиша за него скромни 16 поени, ако се знае дека на претходните три дуели постигна 36, 38 и 34 поени.
Партија за паметење имаше Пауел кој постигна 29 поени, додека МекКалум заврши со 21 поен.
Филаделфија славеше во Вашингтон со 132-103 и сега има водство од 3-0 па е на праг на пласман во следната рунда. Ембид со 36 поени ги водеше гостите до триумфот, додека кај домашните нов „трипл-дабл“ запиша Расел Вестбрук со 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Јута славеше во Мемфис со 121-111, па поведе со 2-1 во серијата. Мичел со 29 поени беше најефикасен кај победниците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА