Обамејанг бара нов договор, на потег Арсенал

Договорот на Пјер-Ерик Обамејанг со премиерлигашот Арсенал истекува следната година, а Габонецот веќе на големо размислува за евентуалните услови околу неговото продолжување. Обамејанг со 17 постигнати гола заедно со Џејми Варди е најдобар стрелец во Премиер-лигата и еден од малкуте константни фудбалери на „топчиите“. Англиските медиумие пренесуваат дека тој сака зголемување на платата и во иднина да инкасира по 300.000 фунти неделно, што е негде околу 18 милиони фунти годишно.

Се поставува прашањето дали од клубот од Лондон се подготвени да му понудат ваков договор на Габонецот, или на крајот од сезоната ќе се обидат да го продадат како би можеле да заработат од неговиот трансфер. Од клубот изјавија дека неколку европски гиганти во моментов се заинтересирани за неговите услуги, а отприлика вредноста на Обамејанг на трансфер пазарот изнесува околу 70 милиони евра.

Се вчитува...