Обамејанг даде гол и поцрвене, бод за Арсенал против Кристал Палас

Арсенал освои бод на гостувањето кај Кристал Палас. Најзаслужен, но и „највиновен“ за тоа можеби стрелецот Пјер Емерик Обамејанг, кој постигна гол, но потоа и заработи црвен картон. Напаѓачот стрелаше за „топчиите“ во 12.минута. Кристал Палас успеа да израмни во 54.минута преку Џордан Ају, а десетина минути подоцна Обамејанг ги остави соиграчите од Арсенал на цедило откако заработи црвен картон. По прегледувањето на ВАР снимката, Обамејанг мораше предвреме да го напушти теренот во 67.минута од мечот.

До крајот, сепак, Кристал Палас не успеа да стигне до триумф иако имаше играч повеќе против „топчиите“.

Се вчитува...