Обамејанг е решението за проблемот на Барселона

Пјер Емерик Обамејанг е желбата на Барселона во потрагата по нов голгетер во јануарскиот преоден рок, но каталонскиот гигант ќе има тешка задача да го убеди Арсенал да се раздели од својот најдобар стрелец.

Повредата на Луис Суарез остава голема „дупка“ во тимот што Гризман нема да може да ја пополни, а управата на каталонскиот гигант веќе стартуваше потрага по нов врвен голгетер што би бил најистурен во навалната линија на оваа екипа. Пријателството со Дембеле и со Умтити, со кои настапуваше во дресот на Борусија Дортмунд, е значаен адут во преговорите со самиот фудбалер, но проблем ќе биде да се убедат „топчиите“ на преговори среде сезона.

Обамејанг е најдобар стрелец на лондонскиот клуб со 16 постигнати погодоци, одбива да потпише нов договор со Арсенал и би можел да си замине во текот на летниот преоден рок. Сепак, тој и е неопходен на Барса уште во јануари, подготвена е понуда од 50 милиони евра, но последниот збор ќе го има Микел Артета.

Се вчитува...