Обамејанг: Ја одбив Барселона само од две причини

Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг неодамна го продолжи договорот со Арсенал до 2023 година, воодушевувајќи ги навивачите на клубот и пред се тренерот Микел Артета.

Воодушевувањето е поголемо затоа што Обамејанг за време на преодниот рок ја одби понудата од европскиот гигант Барселона…

„Да, Барселона силно ме посакуваше во своите редови но не прифатив да се преселам во тој клуб“ – вели Обамејанг објаснувајќи ги причините за истото.

„Приоритет ми беше Арсенал од две причини. Првата е тренерот Артета. Со него за време на карантинот многу разговаравме и ме убеди во проектот кој го создава со Арсенал. Ми рече: ‘Можеш слободно да си одиш. Можеш да одиш и победуваш во друг клуб, а можеш и да останеш и да оставиш вистинско наследство во Арсенал’. А втората причина се навивачите. Неверојатна е љубовта која ја добивам од навивачите откако сум тука. Од првиот ден се однесуваат како да сум еден од нив. Па, и бидејќи сум еден од нив, одлучив да останам“.

Се вчитува...