Обамејанг му донесе триумф на Арсенал против Евертон

Арсенал успеа да слави важен триумф (3-2) над Евертон, го прескокна на табелата и се уште се надева дека може да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Негативата во однос на четвртопласираниот Челси е седум бода.

Евертон дојде до предност уште во првата минута со прекрасниот гол со ножички на Калверт-Левин, а Нкетаја и Обамејанг брзо направија пресврт. Сепак, Евертон на полувремето замина со 2-2, со погодокот на Ришарлисон.

Човекот на одлука беше Пјер Емерик Обамејанг кој со голот во 46.минута донесе триумф за „топчиите“ на овој меч.

Се вчитува...