Обамејанг не потпишува нов договор со Арсенал: Ја чека понудата од Барселона

Ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг не сака да го продолжи договорот со „топчиите“ кој е со важност до јуни 2021 година. Раководството на Арсенал веќе подготвува нов договор со далеку подобри услови, но Обамејанг не сака да избрзува.

Како што пренесуваат англиските медиуми, сето тоа е затоа што менаџерите на Обамејанг веќе стартувале почетни разговори за негова преселба во Барселона.

„Обамејанг нема да потпишува нов договор со Арсенал затоа што сака да почека и да види колку Барселона е сериозна по прашањето на интересот за него“ – наведува „Дејли мејл“.

Габонецот моментално е прв стрелец на клубот. Во Арсенал пристигна во 2018 година од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...