Обамејанг потпиша – останува „топчија“ до 2023 година

Навивачите на Арсенал имаат причина за радост, откако по одличниот старт на сезоната беше разрешена и клучната дилема за летниот преоден рок – останувањето на Пјер Емерик Обамејанг. Одличниот голгетер имаше уште една сезона од договорот, долго се водеа преговори за продолжување на соработката, за Обамејанг денеска и официјално да потпише нов тригодишен договор со кој ќе остане на „Емирати“ до јуни 2023 година.

„Конечно е готово, пресреќен сум што останувам овде. Ова е мојот дом, сакам да станам легенда на Арсенал. Многу работа е пред нас, но ќе сторам се за да помогнам да ги оствариме зацртаните цели“, изјави Обамејанг.

Габонецот ќе има загарантирана плата од 250.000 фунти неделно, но доколку исполни неколку бонуси тој може да стигне до дополнителни 100.000 фунти неделно, со што би се израмнил со Месут Озил, кој е најплатен фудбалер во Арсенал.

Обамејанг е член на лондонскиот клуб од јануари 2018 година, кога пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 56 милиони фунти. Тој има 112 настапи во дресот на „топчиите“, притоа постигнувајќи 72 погодоци.

Се вчитува...