Се огласи и Обамејанг откако беше протеран од репрезентацијата на Габон: „Една мала личност како мене…“

Репрезентацијата на Габон го заврши натпреварувањето на Африканскиот Куп на Нациите во групната фаза, во настап што локалните медиуми го опишаа како еден од најлошите во историјата на Африканскиот куп на нации.

По елиминацијата, државата реагираше: Министерството за спорт одлучи да го отпушти тренерскиот персонал, привремено да ја суспендира репрезентацијата и да исклучи двајца играчи од националниот тим.

„Со оглед на срамниот настап на селекцијата на Африканскиот куп на нации, владата одлучи да ја распушти репрезентацијата, да ја суспендира до понатамошно известување и да ги исклучи играчите Бруно Екуеле Манга и Пјер-Емерик Обамејанг“, изјави во четврток вршителот на должноста министер за спорт Симплис-Дезир Мамбула.

Обамејанг повеќе нема да игра за Габон, а се огласи и токму тој.

„Мислам дека проблемите на тимот се многу подлабоки од проблемите на една мала личност како мене“, напиша тој кратко на социјалните мрежи.

Се вчитува...