Обамејанг се поблиску до Челси

Пјер Емерик Обамејанг е на добар пат ова лето да го замени дресот на Барселона со тој на Челси. Габонскиот репрезентативец на последните преговори со „сините“ успеал да најде заеднички збор за месечните примања па останува уште шпанскиот и англискиот тим да ја договорат сумата на трансферот.

Според последните информации каталонскиот тим да услугите на напаѓачот бара 30 милиони евра, сума која е преголема за Челси, но се очекува двата тима да најдат заеднички јазик со оглед на тоа што трансферот би донел големо олеснување за Шпанците.

Доколку Обамејанг замине од „Камп Ноу“ ќе се ослободат девет милиони евра за плата кои каталонците треба да ги платат на годишно ниво, а тоа ќе донесе и можност за регистрација на Џулс Кунде.

Се вчитува...