Оби Топин најдобар „забивач“, Таунс најдобар „тројкаш“ на „Ол-стар“ во Кливленд (ВИДЕО)

Во едно од најслабите натпреварувања во забивање во историјата на „Ол-стар“ викендите победата му припадна на единствениот расположен, Оби Топин од Њујорк никс.

Многуте грешки на неговите противници го одбележаа натпреварувањето, а ѕвездата на Никс беше единствениот кој што понуди нешто добро, па затоа на крајот и без проблеми стигна до трофејот.

За разлика од натпреварот во забивање, тој во шутирање тројки ни го донесе неверојатниот Карл-Ентони Таунс. Центарот на Минесота Тимбервулвс беше неверојатен во финалната рунда и со 29 поени стигна до трофејот.

Во натпреварот во вештини трофејот му припадна на тимот на Кливленд (Гарланд, Мобли, Ален), пред тимот Адетокумбо и тимот на „новајлиите“.

 

 

Се вчитува...