Објавен списокот за стартот на квалификациите за СП 2026: Со истите сили како од Лигата на нации, Лука Станковски единствен дебитант!

Македонскиот селектор Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за стартот на квалификациите за Светското првенство 2026 кои овој месец ги почнуваме со дуелите против Лихтенштајн на гости и против Велс во Скопје.

Потпирајќи се очекувано на силите кои го понесоа товарот до одличните резултати во претходната Лига на нации и пласманот во Б-дивизијата, Милевски се одлучи да ги повика истите фудбалери со тоа што во националниот состав се враќа Агон Елези, а дебитант е Лука Станковски од Раднички Крагујевац кој првпат добива повик во А-репрезентацијата.

Единствено поради повреди, од оние претходно повикуваните, ќе ги нема Дарко Велковски и Димитар Митровски…

Се вчитува...