Објавена листа на клубовите со најмногу фудбалери од сопствената школа

Агенцијата „Тифози“ која се занимава со спортска аналитика објави четириесет клуба од најсилните лиги во Европа кои во својот имаат најмногу фудбалери од сосптвената школа. Фудбалерот потекнува од школата ако до својата 21 година, најмалку три години бил дел од академијата на клубот. На врвот на листата се наоѓа Манчестер Јунајтед на кого скоро половина кадар му е од академијата. На второто место е Атлетик Билбао кој е единствен клуб во Европа во кој смеат да настапуваат само Баскијци, додека на третото место се наоѓа Селта Виго. Барселона која долги години беше позната во својата Ла Масија се наоѓа на лошата 17. позиција на табелата, на која пред нив е големиот ривал Реал Мадрид.

Се вчитува...