Објавени нови докази: Повторно се актуелизира исфрлање на Еквадор од Мундијалот

ФИФА ќе мора да го преиспита случајот со Бајрон Кастилјо, а повторно настапот на Еквадор на Мундијалот во Катар. Фудбалскиот сојуз на Чиле побара истрага против Еквадор поради настапот на Кастилјо за оваа селекција, со оглед дека бекот не е роден во Еквадор, туку во Колумбија.

Меѓутоа тоа не е единствениот проблем со Кастилјо, туку проблематичен е изводот на фудбалерот, според кој е роден во 1998 година, а се поретпставува дека е роден три години порано.

„Според достапните информации и докоументите се држиме кон тоа дека изнесените докази се сериозни и ФИФА ќе мора тоа да го истражи. Истрагата во Еквадор потврди дека постојат неправилности кај играчот, а исто така постојат и други славости во документот“, се вели во соопштението на ФС на Чиле.

Чилеанците не успеаја да се пласираат на Мундијалот, додека двете селекции пред нив влегоа во квалификациите. Обвинувањата напрво брзо беа отфрлени, а сега „Дејли Мејл“ укажува дека има аудио снимки во кои фудбалерот признава дека е роден 1995 година во Колумбија, и дека во фалсификатот му помогнал Марко Замбрано, сопственик на клуб во Еквадор.

Сега повторно се споменува исфрлање на Еквадор, нешто кое двапати досега не успеа, па другите селекции залудно чекаа дека ФИФА ќе реагира и ќе се реши на ваков драстичен чекор на само неколку недели пред почетокот на Мундијалот.

Се вчитува...