Објавени жестоките говори на Погба: Дојдовме да победиме на ова Светско првенство

Француската телевизија „F1“ објави документарен филм наречен „Сините 2018: Во срцето на руската приказна“, во кој се содржани три видеа во кои Пол Погба со жестоки говори ги мотивира соиграчите пред и во текот на натпреварот од Мундијалот на кој Франција дојде до втората светска титула.

Убеливо највпечатлив е говорот во пресрет на натпреварот против Аргентина:

„Не сакам да си одам дома вечерва. Вечер ќе спиеме во хотелот. Повторно ќе јадеме засладени тестенини. Сакам денеска на теренот да трчаме до смрт. Никој да не ги изневери соиграчите. Никој да не попушта. На теренот, сите сме заедно. Добри момци и воини. Војници. Ќе ги убиеме денеска. Меси или не, не ми е гајле.“

Ова се делови од говорите на Погба.

 

Се вчитува...