Најдобриот светски тенисер Јаник Синер два пати бил позитивен на допинг тест. Во март годинава, Италијанецот двапати беше позитивен на нелегалната супстанца клостебол , но избегна суспензија.
На крајот „само“ ги загуби бодовите и наградниот фонд за полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, а се огласија и од тимот на тенисерот.
„Во април, Јаник Синер беше информиран дека тестирал позитивно на метаболитот клостебол во мали количини, помалку од една милијарда дел од грамот.
По темелна истрага, беше заклучено дека случајната контаминација со клостебол е предизвикана од лекарствата на неговиот физиотерапевт. Неговиот фитнес тренер купил производ, лесно достапен во италијанските аптеки, кој му дал на физиотерапевтот на Јаник да ја залечи исеченицата на прстот. Јаник не знаел ништо за ова, а неговиот физиотерапевт не знаел дека користи производ што содржи клостебол. Физитерапевтот потоа го масирал Јаник без ракавици, па како последица на повредите на кожата на Јаник дошло до ненамерна контаминација“, стои во објавата на тимот на Синер.
Самиот тенисер се огласи со соопштение.
„Сега можам да го оставам зад себе овој предизвикувачки и многу несреќен момент . Ќе продолжам да правам се што е можно за да се усогласам со антидопинг програмата ИТИА и мојот тим ќе биде совршено педантен“, рече Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА